Имобиле: Критиките кон мене се неправедни

98

Напаѓачот на Италија Чиро Имобиле ги коментираше критиките упатени кон него за слабата игра во репрезентацијата. Тој исто така нагласи дека многу сака „Аѕурите“ да играат на СП 2022 и дека тој планира да биде прв напаѓач, но и за стилот на игра што Сари му го наметнува на неговиот клуб Лацио.

Сите сакаме да учествуваме на СП идната година. По она што ни се случи во 2017 година, не можеме да си дозволиме нов неуспех. Убаво е да се игра на „Олимпико“ во Рим каде обично ја носам капитенската лента (во Лацио). Сакам да бидам прв напаѓач на Италија на СП 2022 и се борам тоа да го остварам. Сонувам и да ја освојам „Златната копачка“. Од секогаш сум бил тврдоглав, а тоа можеби не е добро за мојата сопруга, но е добро за мојата кариера“, вели Имобиле.

Не можам да негирам дека понекогаш страдам поради критиките. Мојата статистика во репрезентацијата не е иста како во Лацио, но не е можно двете да бидат исти. За репрезентацијата играме само 7-8 натпревари годишно. Би сакал и за Италија да постигнувам онолку голови како во мојот клуб. Понекогаш ми е криво што односот кон мене не е ист како со другите. Понекогаш ми изгледа како да не бев дел од тимот што го освои Европското првенство. Знам дека треба да давам повеќе голови, но среќен сум по секој свој настап. Роберто Манчини и неговите помошници секогаш се обидуваат да откријат што треба за да бидам во најдобра форма. Во септември Манчини ми рече: ‘Запомни дека си европски шампион и нема потреба никому да се докажуваш’.

Во Лацио имаме нов стил на игра и тоа ми помага во репрезентацијата. Не играм заедно со друг напаѓач како што е во националниот тим. Кога дојде Сари во Лацио на почетокот ни беше малку тешко за да се адаптираме на неговите барања, но сега добро играме. Им благодарам на соиграчите на Лацио што ми помогнаа да станам најдобриот напаѓач во историјата на клубот“, додаде Имобиле на пресот пред двобојот со Швајцарија во квалификациите.

ПретходноХрватка ќе го суди квалификацискиот меч Германија – Лихтенштајн
СледноРистовски повторно е во тимот на колото во Словачка