Вистинската жива легенда на футсалот, Рикардињо, денеска и официјално објави дека става крај на својата репрезентативна кариера. Шесткратниот освојувач на наградата за најдобар футсал играч во светот се збогува со португалската селекција.
36-годишниот „магионичар“ ја одведе Португалија до својата прва титула од светските првенства, откако оваа година во Литванија во финалето, Португалија ја совлада Аргентина со 2:1.
„Денес објавувам крај на еден циклус. Тоа несомнено беше неверојатно и незаборавно патување. Ова е најтешката одлука во мојата кариера“, изјави Португалецот на прес-конференција.