Марко Ѓорѓиевски: Убаво ќе биде да ја продолжам голгетерската серија!

465

Репрезентацијата на Македонија до 21.година максимално сериозно одработува на тренинзите кои се во тек во пресрет на мечевите со Украина и Франција. Знаат добро момците на селекторот Драган Канатларовски со кого ќе си имаат работа.

Марко Ѓорѓиевски, еден од нашите главни адути, истакнува…

Знаеме многу добро против кои селекции ќе играме во следните денови. Ги познаваме нивните квалитети, не чекаат два тешки меча.Владее одлична атмосфера во нашиот табор, па така со голема пожртвуваност од наша страна би можеле да дојдеме до добар резултат“.

Тој вели дека треба прво да се мисли на Украина, па потоа на Франција…

Прво треба максимално да се посветиме на првиот дуел со Украина. Потребен ни е ист пристап како на последниот меч со Ерменија. Знаеме кои се нашите задачи, и ако ги оствариме замислите на селекторот не би требало да има проблеми. Постигнав два гола на средбите со Ерменија и Ф. Острови, се надевам дека ќе ја продолжам серијата“ изјави нашиот млад репрезентативец.

ПретходноЕлмас: Одиме на победа во Ереван, се надевам на кикс на Романија!
СледноФОТО НА ДЕНОТ: Кога селекторот ја “ЦРТА“ тактиката!