Медведев испрати порака до хејтерите на Ѓоковиќ

998

Новак Ѓоковиќ на Мастерс во Париз ја потврди првата позиција на АТП ранг листата на крајот од годината и испиша историја. Тој го совлада Данил Медведев и дојде до 37. титула во серијата Мастерс 1000 и стана број еден во светот.

Претходно тој и Рафаел надал го делеа првото место со 36. титули. По финалето Медведев испрати порака до сите оние кои не го почитуваат Ѓоковиќ.

„Понекогаш мислам дека Новак не се става во ист контекст со Надал и федерер. Ако хејтерите не виделе што направил и што ќе направи…Можеби десет години по крајот на кариерата да биде така. Новите играчи кои ќе дојдат ќе читаат статии на Википедија и ќе видат дека името на Новак е насекаде. Дека е рекордер по бројот на недели минати на првото место на АТП, по бројот на титули. Ова беше случај со мене со Сампрас. Бев премногу мал за да го гледам, но прочитав дека е неверојатен“, изјави рускиот тенисер.

Медведев го сопре Ноле да дојде до титулата на УС Опен, откако претходно победи на трите Гренд слемови.

„Знаев дека ќе се обиде да ми се одмазди, можев да почувствувам дека ја сака победата без разлика насе. Против него не е возможно да имаше психолошка предност“.

ПретходноНена Трајчевска: Ќе го дадеме најдоброто од себе!
СледноШок на “Олд Трафорд“: Роналдо планира да си оди од Јунајтед!