Митровски на проба во полскиот прволигаш Варта Познањ!

355

Димитар Митровски, некогаш големиот талент на мак – фудбалот, е на проба во Варта Познањ. Клуб од елитната лига во Полска. Тој допрва треба да се докаже за да потпише договор со Варта, барем така јавуваат медиумите во Полска.

Инаку Митровски важеше за еден од најдобрите наши фудбалери во младинските репрезентации. Тој заедно со Елмас, Чурлинов, Атанасов ја предводеше онаа генерација на играчи до 19 години која јавноста ја нарекуваше “ѕверови“.

Митровски во изминатиот дел од кариерата беше во Работнички, па потоа во школите на Ханза, Магдебург, Спортинг.Во август се поврзуваше со трансфер во Партизан, но ништо од тоа немаше.

ПретходноАшаданов: Благодарност до сите кои се тука, тие сакаат да играат и победуваат!
СледноХристов пред промоција во Работнички!