Остануваат уште два меча од квалификациите за СП во Катар 2022 година. Македонија уште е во „игра“ за баражот, но затоа теба резултатите да се “наместат“ по наша желба. Сепак, наш приоритет е да се победат Ерменија на гости и Исланд дома. Да се освојат тие шест бода, а потоа да се чекаат и резултатите од останатите мечеви во Ј групата. Да се надеваме на кикс на Романија, па после…да се надеваме на пласман во баражот.
И покрај големите проблеми со повреди, сепак насмевките на денешниот последен тренинг пред летот за Ереван не изостанаа.
Да се надеваме дека и со насмеви момците ќе се вратат од Ерменија.