На Флик му откажаа седуммина фудбалери

335

Германија ќе игра со Лихтенштајн на 11 ноември во Волфсбург, а потоа со Ерменија во гости на 14 ноември во квалификациите за СП 2022. Тоа се последните два дуели од групата во која Германија сигурно ќе заврши прва во групата и веќе е патник за Катар.

За претстојните мечеви Флик нема да смета на седум фудбалери. Поради повреди отпаднаа Нико Шлотенберг и Флоријан Вирц. Тие им се приклучуваат на Никлас Зиле, Џошуа Кимих, Џамал Мусиала, Серж Гнабри и Карим Адејеми, кој денеска беа изолирани поради позитивен тест на КОВИД-19 на Зиле.

Флик повика само тројца фудбалери: Ридле Баку и Максимилијан Арнолд од Волфсбург како и напаѓачот на Монако Кевин Фоланд. Инаку за мечот во Волфсбург ќе има построги правила поради зголемениот број на позитивни случаи на Ковид-19. Директорот Оливер Бирхоф вели дека сите гледачи на стадионот мора да бидат или вакцинирани или да ја прележале болеста. Тоа правило е наведено како 2Г и не дава можност на стадионот да влезат луѓе со негативен тест за КОВИД-19.

ПретходноРистовски повторно е во тимот на колото во Словачка
СледноГи „разграбаа“ дресовите на Наполи со Марадона иако не се евтини