Одбојкарките на Работнички со 3:1 (25:13, 22:25, 25:15, 25:19) го совладаа конкурентот за првото место во женското одбојкарско првенство на Македонија Наковски Волеј и го преземаа лидерското место на табелата по првиот одигран меч од 6. коло.
Вечерва во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, Работнички ја продолжи победничката низа обезбедувајќи ќа шестата победа и ненесувајќи им го првиот пораз на своите ривалки Наковски Волеј, кои исто така по првите пет кола беа непоразени, а имаа и бод предност пред скопјанки, поради минималниот триумф на Работнички во првото коло над Струмица на гости со 3:2.
На денешниот дуел во Скопје, Наковски Волеј одигра еден одличен сет, но во преостанатите три доминацијата беше на страна на домашните. Останатите дуели од 6. коло се играат утре.