Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски по којзнае кој пат е во тимот на колото во словачката Фортуна лига. Ристовски за својата Трнава утна пенал, а потоа даде гол во победата на гостувањето кај Татран во 14.коло.
Ристовски има седум гола во досегашниот дел од шампионатот, исто толку има вториот Јакуб Кадак од Тренчин, а лидер е Езекиел Хенти од Слован Братислава со осум погодоци.
Трнава е на второто место на табелата со 32 бода, три помалку од лидерот Слован.