Британската тенисерка Ема Радукану која го освои УС Опен оваа година има нов тренер по разделбата со Ендрју Ричардсон со кого ја прекина соработката по сензационалниотк триумф на првиот Гренд слем турнир во кариерата.
Нов тренер на британската млада тениска ѕвезда е Торбен Белц, долгогодишниот тренер на германската тенисерка Анџелик Кербер. Радукану ја прекина соработката со Ричардсон со образложение дека и треба поискусен тренер.
Меѓу кандидатите бил и Шпанецот Естебан Карил, но таа одлучи да го најми 44-годишниот Германец кој ја донесе Кербер меѓу десеттите најдобри тенисерки на светот пред да „раскинат“ во 2013 година. Потоа повторно почнаа да соработуваат во 2016, а потоа Кербер ги освои Австралија опен и УС Опен, стигна до финалето на Вимблдон, освои сребрен олимписки медал и стигна до првото место на ВТА листата. Соработката повторно ја прекинаа во 2017 година.
Радукану по триумфот на УС Опен прво беше поразена во третото коло на турнирот во Клуж, а потоа испадна во првото коло на Индијан Велс.