Солскјер ги шокирал фудбалерите, па заминал со семејството во Норвешка

1355

Манчестер Јунајтед доби само едн од последните шест првенствени мечеви и Оле Гунар Солскјер е под притисок.

Покрај лошата форма, Солскјер ги загуби мечевите со Ливерпул и Сити, па и покрај ова англиските медиуми тврдат дека и натаму ќе биде на клупата на „црвените ѓаволи“, барем за дуелот со Ватфорд.

„Daily Mail“ вчера објави дека дел од играчите го дигнале гласот против него, први во редот на незадоволни се Бруно Фернандеш и Кристијано Роналдо.

Но, на изненадувањата им нема крај. Солскјер ги изненадил фудбалерите. Наместо да работат за време на репрезентативната пауза, тој ги распуштил играчите и заминал со своето семејство во Норвешка.

Никој не очекувал дека ќе донесе ваква одлука, сите очекувале напорно да работат, но норвешкиот стратег мисли дека е време за одмор.

„И покрај сите резултати на Солскјер не му се заканува отказ, ќе го видиме против Ватфорд, а најверојатно и во следните натпревари“, пишува Daily Mail.

ПретходноСтеф Кари во транс, постигна половина од поените на Голден Стејт (ВИДЕО)
СледноЧави им испрати порака на Јунајтед и Јувентус