ТФТ во турбо ритам, нова победа во БИБЛ

127

Екипата на ТФТ во два дена запиша две победи. По Академија Пловдив, денеска го совлада Берое со 86-96 во рамките на петото коло во балканското натпреварување. Тимот од Тафталиџе кон победата почна да чекори во втората четвртина, со две серии се врати во мечот. Пред полувремето поведе со 38-47.

На крајот на третата четвртина поведе со 58-75 и потврди дека дома ќе си оди со целиот плен. Харис со 16 поени беше прв стрелец, Маслинко и Костоски запишаа по 15 поени. Со оваа победа, ТФТ се искачи на второ место на табелата во групата Б.

ПретходноГи „разграбаа“ дресовите на Наполи со Марадона иако не се евтини
СледноРаботнички го доби „дербито на непоразените“ и го презеде врвот кај дамите