ФОТО НА ДЕНОТ: Кога селекторот ја “ЦРТА“ тактиката!

591

Одработен е последниот тренинг пред летот за Ереван, денеска попладне. Мислите се победнички, сите во нашиот А-тим сакаат шест бода од последните два меча. Сепак, сега во преден план е Ерменија, па после ќе му ја мислиме за со Исланд. Интересен момент на денешниот тренинг. Селекторот Благоја Милевски на таблата на сред терен и сред тренинг им објаснуваше на момците што треба да прават во Ереван в четврток. Додека тој им ја „црташе“ тактиката, репрезентативците со големо внимание ги слушаа советите на Благоја.

ПретходноМарко Ѓорѓиевски: Убаво ќе биде да ја продолжам голгетерската серија!
СледноГечевски: Меѓународното искуство што го имаме да се искористи и во репрезентацијата!