0
Амин Гуири и Мелвин Бард се повлечени од списокот на младата репрезентација на Франција за престојните квалификациски дуели со Ерменија и нашата фудбалска репрезентација. Францускиот селектор потврди дека Хуго Екитике и Кастело Лукеба се нови имиња во У21 составот на „галските петли“.
И Гуири и Бард се повредени, па мораше да заминат од репрезентативниот камп. Селекторот Силвен Рипол одлучи да ги повика Уго Екитике (Ремс) и Кастело Лукеба (Олимпик Лион) како нови имиња во тимот, кој в четврток игра со Ерменија дома, а следниот вторник гостува против Македонија во Скопје.