Никола Јокиќ во едно поинакво издание. Српскиот репрезентативец пред крајот на дуелот со Мајами направи хаос на теренот.
Јокиќ го турна на земја Маркиф Морис, кој претходно неспортиски го удри. Ова беше доволна причина за да Србинот да „екслодира“.
Кога веќе беше јасно дека Денвер ќе го добие овој натпревар, еден од браќата Морис почна да го провоцира Јокиќ, кој веднаш доби одговор, му пријде позади грб и со турна со рамо. Морис летна на теренот, по што веднаш настана гужва.
За овој потег Јокиќ заработи исклучувачка. До овој момент имаше трипл-дабл од 23 поени, 15 скока и 10 асистенции, неговиот тим славеше со 113-96.
Српскиот центар сигурно ќе биде и суспендиран, најверојатно казната ќе биде еден меч пауза.
Nikola Jokic clobbers Markieff Morris from behind late in the fourth quarter and things get intense. pic.twitter.com/9RclknqIKB
— Bally Sports Sun: HEAT (@BallyHEAT) November 9, 2021
Од останатите средби, ЛА Лејкер го победи Шарлот по продолжение со 126-123. Нов триумф запиша Далас од 108-92 против Њу Орлеанс, Лука Дончиќ пистигна 25 поени, пет скока и пет асистенции.
Чикаго пред своите навивачи го победи Бруклин со 119-95, додека Феникс беше подобар од Сакраменто со 109-104. Минесота по продолжение беше совладана од мемфис со 125-118.