Христов пред промоција во Работнички!

966

По заминувањето на Александар Влахо, Работнички е во потрага по нов шеф на струката. Како што се шпекулира, најверојатно на клупата ќе седне Борче Христов, тренерот кој до пред две недели беше стратег на Борец од каде си замина гневно и луто.

Дознаваме дека до крајот на денот Христов ќе ги има завршните разговори со првиот човек на Работнички, Драган Поповски. Во случај преговорите да не успеат, тогаш Работнички ќе се сврти во потрага по некое друго име.

Се споменуваат и други имиња, дури и имиња на екс селектори и поранешни тренери на Вардар кои освојувале и пехари, сепак останува да сочекаме до вечерва.

ПретходноМитровски на проба во полскиот прволигаш Варта Познањ!
СледноНасмевки во А-репрезентацијата, во Ереван одиме по бодови!