Шкендија го совлада Универзитет во Тетово со 3:2 (22:25, 25:20, 25:12, 22:25, 15:13) во дербито на петтото коло во Првата македонска машка одбојкарска лига. Во интересниот натпревар на локалните ривали, домашниот состав беше поумешен, поконцентриран и посреќен во решавачките моменти, па се израдува на четвртата победа сезонава.
Универзитет во Тетово подобро го отвори натпреварот, но не успеа да го задржи ритамот иако расположен беше коректорот Јовица Симовски, кој беше најефикасен на мечот. Сепак, приемот осцилираше, па Шкендија успеваше да се одбрани онолку колку што беше потребно за да ја задржи разликата и на противникот да му го нанесе вториот пораз во четвртиот сезонски настап. На крилјата на публиката, домаќинот имаше поголем број поени од напад (54-47),14 наспроти блока, повеќе асови (10-5), а со тоа ги неутрализираше двете грешки плус (33-31).
Универзитет во Тетово загуби и од актуелниот првак Струмица 47:72, која е водечка на табелата со биланс 4-0 и подобар сет-количник од ГОК Борец и поголем број бодови од Шкендија.
Шестото коло за два дена ќе биде уште еден чекор во создавањето панорама на екипите коишто ќе учествуваат во Втората фаза-1 напролет.