Актуелниот тренер на Ренџерс, Стивен Џерард се споменува како сигурно име за испразнетото тренерско место во Астон Вила. Според англиските медиуми, легендата на Ливерпул е подготвен да ја прифати понудата од Астон Вила, и според најавите, тој од петок треба да го преземе тимот од „Вила Парк“.
Џерард ќе биде најплатениот тренер во историјата на Астон Вила.
Од 2017 до 2018 година, Џерард работеше со тимот на Ливерпул до 19 години. Во 2018 година ги презеде Ренџерс и стана шампион на Шкотска во сезоната 2020/21.