Гечевски: Меѓународното искуство што го имаме да се искористи и во репрезентацијата!

110

Спортскиот директор на федерацијата, Тодор Гечевски на денешната прес конференција направи вовед во она што следува веќе од 11. ноември. Првиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2023 кој ќе се одржи во Словенија и Израел, против репрезентацијата на Германија на гостински терен во Хале.

Ги стартувавме тренинзите за квалификациите за ЕП. Сите девојки кои се најквалитетни се тука. Имаме некои повреди, но се надевам дека сите работи ќе се санираат и дека со најсилниот состав ќе го стартуваме циклусот. Имаме мал напредок во женската кошарка. Имаме повеќе екипи, две екипи кои играат во ВАБА лигата каде имаат солидни и добри резултати. Се надевам дека тоа меѓународно искуство ќе се примени во репрезентацијата и се надеваме на некој позначителен успех. Најважно од сè е сите да се здрави, да играме најдобро што можеме, па да дојдеме до победа, па зошто да не и пласман на Европското првенство, ако ни се даде шанса“– потенцираше Гечевски на прес-конференцијата одржана во пресрет на почетокот на натпреварите од групата „А“ од квалификациите за Европскиот шампионат.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: Кога селекторот ја “ЦРТА“ тактиката!
СледноАшаданов: Благодарност до сите кои се тука, тие сакаат да играат и победуваат!