Елмас: Одиме на победа во Ереван, се надевам на кикс на Романија!

166

Елиф Елмас е еден од нашите најдобри играчи. Во последно време во дресот на Наполи тој просто блеска, па затоа ќе биде голем адут на мечевите со Ерменија на гости и Исланд дома. Од него се очекува во Ереван да блесне.

Има повеќе играчи кои не се тука, но тоа не смее да биде изговор. Одиме како и до сега на победа. Одиме во Ерменија да победиме. Јасно е дека не зависи се од нас, сепак има мала шанса за бараж, и таа мала шанса ќе ја `бркаме` до крај. Не чека голема борба во Ерменија, треба да бидеме паметни. Да покажеме жар на терен, дека сакаме да победиме“.

Дијамантот“ се надева на кикс на Романија…

Ништо не се знае. Романија може да киксира, па со две победи да бидеме ние тие кои што ќе одат во баражот. Досега покажавме дека можеме да играме добро со сите репрезентации, па така треба да покажеме дека повеќе го сакаме тоа второ место од Ерменија и Романија“ заклучи Елмас.

ПретходноЧави воведе пет нови прави во Барса, едно се однесува на Пике!
СледноМарко Ѓорѓиевски: Убаво ќе биде да ја продолжам голгетерската серија!