Откриена причината зошто младиот фудбалер на Сити извршил самоубиство

465

Поранешниот играч на младинскиот тим на Манчестер Сити Џереми Вистен (18) извршил самоубиство на 24. октомври минатата година, а по истрагата која траела речиси една година откриени се некои фрапантни детали.

Безживотното тело на фудбалерот го пронашла неговата мајка, а констатирана е смрт на лице место. Тогаш смрта е заведена како самоубиство, а потоа се истражуваа причините. Медиумите на Островот откриваат дека причина за самоубиството е повредата која му ја упропастила кариерата. Џереми на 13 години успеал да стигне до академијата на „граѓаните“, но сонот за успех е урнат во 2018 година кога ги повредил лигаментите на коленото, а потоа не добил продолжување на дововор со клубот за кој навивал.

Џереми паднал во депресија. Тешко му било да ги гледа своите пријатели во младинските категории на Сити како градат кариера, па си го одзел животот.

Од друга страна директорот на академијата на Сити, Џејсон Вилкокс вели дека повредата на фудбалерот не влијаела врз одлуката на раководството да го ослободи Џереми. Вилкокс посочи дека на Џереми му било понудена проба во девет англиски клубови, а притоа меѓу 2018 и 2018 година посетувал психолог поради нарушено ментално здравје.

ПретходноСо заработени 2,62 милијарди долари Мајкл Џордан е најбогатиот спортист во историјата!
СледноХрватка ќе го суди квалификацискиот меч Германија – Лихтенштајн