Со заработени 2,62 милијарди долари Мајкл Џордан е најбогатиот спортист во историјата!

357

Има многу „принцови“ во историјата на спортот, можеме да набројуваме до утре, но само еден е „КРАЛ“, а тоа е Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар во историјата на овој спорт.

Па така, според списанието за бизнис „Спортрико“, Мајкл Џордан е најбогатиот спортист во историјата, односно тој досега заработил вкупно 2,62 млијарди долари. Овие пари се од времето кога играл кошарка од договорите, потоа од бонусите, наградите, приходите од рекламите и спонзорствата и се разбира од бизнисот во кој спортистите “влегуваат“ обично по завршување на кариерата.

Втората и третата позиција ја заземаат голферите Тајгер Вудс (2,1 милијарди долари) и Арнолд Палмер (1,5 милијарди). Кристијано Роналдо е на 5.место (1,24 милијарди), на листата од 25-те најбогати тука се и Леброн Џејмс, Лео Меси, Роџер Федерер, Дејвид Бекам, Коби Брајант, Шекил О`Нил….

Претходно„Бомба“ од Париз: Бензема во ПСЖ…но во јуни 2023 година!
СледноОткриена причината зошто младиот фудбалер на Сити извршил самоубиство