Во Барселона по доаѓањето на Чави хернандез дефинитивно е интересно. Легендата ги направи првите чекори, откако го смени лекарскиот тим и кондицискиот тренер, им поделил пет нови правила на играчите поренцирајќи дека се ќе биде во најдобар рес ако истите ги почитуваат.
„Мундо Депортиво“ ги откри новите барања на Чави. Првото е дека на играчите им е забрането патување поради приватни причини, правило кое најмногу се однесува на Пике. Второто правило е дека тренинзите ќе бидат подолги, фудбалерите мораат да минат подолго време во тренинг-центарот, наместо претходните сат и пол.
Тој ќе воведе заендички доручек и ќе внимава на нивната исхрана. Овој рецепт го превзема од Гвардиола, кој го користеше во редовите на Барса кога беше најсилна во светот.