Чави и официјално беше претставен како нов тренер на Барселона. За време на прес-конференцијата тој испрати порака до Јувентус и Манчестер Јунајтед за Дембеле. На напаѓачот на каталонскиот гигант на крајот на оваа сезона.
Во меѓувреме Манчестер Јунајтед и Јувентус се обидуваат да го добијат, раководството на „Старата дама“ сака да го земе уште во зимскиот преоден рок.
„За мене Дембеле е еден од најдобрите во светот на својата позиција. Не се сомневам дека може да стане ѕвезда на Барселона, но за тоа мораме да му помогнеме. Продолжување на договорот ќе биде мој приоритет во периодот кој следи“, изјави Чави.
Дембеле во вторникот за првпат заигра после пет месеци, но се повреди. Според информациите станува збор за истегнат мускул, па засега не е познато кога ќе се врати.
Барселона Дембеле го купи во 2017 година од Дортмунд за 135 милиони евра, до сега одигра на 119 натпревари и постигна 30 голови во сите натпреварувања.
ФОТО: FC Barcelona/twitter