Вардар 1961 по рехабилитација, дерби во Бутел

75

По паузата поради ЕХФ неделата денеска продолжуваат натпреварите од Супер-лигата, во рамките на 10. коло ќе се одиграат пет мечеви. Изгледот на табелата е доста интересен. Откако вториот битолски тим го изненади актуелниот македонски првак на домашен терен, првото место поради подобрата разлика му припаѓа на Е.Пелистер. Заедно со Вардар 1961 имаат скор од девет победи и еден пораз.

Пресметката меѓу Вардар 1961 и Тиквеш е прва од десетата рунда. Избраниците на Веселин Вујовиќ по поразот од Е.Пелистер 2, ќе бараат враќање на победничките патеки пред тешката задача во Лигата на шампиони каде се гости на Пик Сегед. На другата страна Тиквеш ќе ја чека својата шанса за сензација.

Скопје е домаќин на Струга, Охрид на Прилет, а додека во истиот термин од 18 часот, Е.пелистер 2 му гостува на Радовиш.

Дебито на колото се игра во Бутел, истиомениот тим е домаќин на Металург, мечот почнува во 19 часот. Домаќинот има многу подобар скор од гостите, се наоѓа на петото место со шест победи и три порази, додека пак тимот од Автокоманда е на деветото место со три победи и шест порази.

 

ПретходноХристов и официјално промовиран во нов тренер на Работнички
СледноЗлатен гонг со „златен 50“ јубилеј годинава