Македонските претставници со меѓусебна пресметка ќе го отворат вториот балон во АБА 2-лига. Град домаќин е Осијек, а дуелот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер е закажан со почеток во 15 часот.
Актуелниот македонски првак има нерасчистени сметки со битолскиот состав, единствениот пораз оваа сезона во домашниот шампионат, токму му го нанесе овој тим. Избраниците на Дарко Радуловиќ пред почетокот на АБА 2-лига го совладаа Работнички, па самодовербата е на високо ниво.
На другата страна Пелистер е во налет кога станува збор за мак-првенство, нема пораз. Битолчани имаат една цел, да докажат дека триумфот против „сино-белите“ не е случаен, дека имаат состав за многу повисоки цели.
И двата тима во вториот балон влегуваат со индентичен скор, имаат една победа и еден пораз, па триумф ќе ги искачи во горниот дел од табелата.