Радуловиќ предупреди: Не смееме да дозволиме толку загубени топки!

106

Со неверојатна серија од 20-0 на стартот на втората четвртина, МЗТ Скопје го реши Пелистер во првото македонско дерби во АБА 2-лига. Избраниците на Дарко Радуловиќ дојдоа до убедлива победа и покрај тоа што на крајот имаа дури 27 загубени топки.

„Ова беше добар натпревар, знаевме дека ќе биде тешко и исрпувачки против Пелистер, кој е физички многу силен тим. Немаа шутерски ден, ние пак имавме голем број на загубени топки, нешто што мораме да го поправиме за следниот меч. Пресуди за победата беа борбата и скокот“, издвои Радуловиќ. 

Во следното коло, МЗТ Скопје игра против домаќинот на турнирот, Осијек, мечот е закажан за во петок.

ПретходноИлиевски: Додека МЗТ погодуваше се, ние не можевме да погодиме „слободни“
СледноПланот е три бода: Националите тренираа на “Вазген Саргсјан“ стадионот во Еревен!(ВИДЕО)