Одбојкарките на Струмица славеа со 3:0 над Пелистер Волеј во еден од трите денешни натпревари во 6. коло од Првата одбојкарска лига за жени. Струмичанки одиграа одличен меч и не му дозволија на противникот да се понадева на успех.
Прва победа сезонава обезбедија и младите одбојкарки на Фит Фан Волеј. На гости во Тетово, скопскиот тим славеше со 3:1 и ги освои првите бодови сезонава.
Во меч кој траеше четири сета, Јанта Волеј КВ ја обезбеди и петтата победа сезонава, овој пат победувајќи го Вардар со 3:1.
Прва лига, жени – 6. коло
Универзитет во Тетово – Фит Фан Волеј 1:3 (24:26, 23:25, 25:17, 21:25)
Вардар – Јанта Волеј КВ 1:3 (27:25, 17:25, 17:25, 18:25)
Струмица – Пелистер Волеј 3:0 (25:14, 25:16, 25:17)
вчера: Работнички – Наковски Волеј 3:1 (25:13, 22:25, 25:15, 25:19)
ТАБЕЛА:
- Работнички 17
- Наковски В. 15
- Јанта Волеј КБ 14
- Струмица 14
- Пелистер В. 6
- Универзитет во Тетово 3
- Фит Фан Волеј 3
- Вардар 0