Герет Бејл гордо го претставува Велс и речиси да не пропушта натпревар за својата земја. Наскоро тој ќе го одигра 100 меч за Велс, а за неговата посветеност кон велшкиот дрес зборуваше и неговиот менаџер Џонатан Барнет. Во една прилика Барнет му кажал на Бејл дека може да игра за Англија, што на гордиот велшки репрезентативец не му се допаднале зборовите.
„Откако го запознав него и неговиот татко, ми рече колку Велс за него е посебен. Еднаш му реков дека постои можност да настапи за Англија, доколку е заинтересиран, а тој ми одговори: ‘Немој никогаш повеќе да ми кажеш такво нешто ако сакаш да бидеш мој менаџер’. Тој е горд Велшанец“, изјави Барнет.
Герет Бејл и друштвото најпрво играат со Белорусија, а потоа со Белгија.