Актуелниот шампион Струмица со убедливи 3:0 го прегази велешки Борец во дербито на 6. коло од одбојкарското првенство. Иако и двата тима влегоа во мечот со по четири победи, Струмица покажа дека и годинава има шампионски состав кој ќе атакува на одбрана на титулата.
Со оглед на резултатот во трите сета, Борец ни оддалеку не беше достоен ривал. Едвај освои 37 поени во сите три сета, што беше премалку за меч кој го имаше предзнакот „дерби“.
Одличен меч одигра Вардар кој успеа да ја обезбеди првата победа сезонава и тоа над силниот состав на Шкендија во малото дерби на колото. Скопските „црвено-црни“ славеа со 3:1 над тетовци нанесувајќи им го само вториот пораз сезонава. Новите засилувања на Вардар, Хрватот Гирлиќ и репрезентативецот на Иран, Акбари, очигледно донесоа позитивни ветришта во тимот кој сезоната ја отвори очајно со четири порази.
Сигурни победи во три сета обезбедија Универзитет во Тетово, Лирија и Штип УДГ.
Прва лига, мажи – 6. коло
Струмица – Борец 3:0 (25:10, 25:14, 25:13)
Вардар – Шкендија 3:1 (25:17, 22:25, 25:20, 25:23)
Лирија – Македонија Џио 3:0 (25:14, 25:19, 25:11)
Штуп УГД – Весна Пробиштип 3:0 (27:25, 25:18, 25:22)
Универзитет во Тетово – Јанта Волеј 3:0 (25:13, 25:22, 25:22)
ТАБЕЛА:
- Струмица 15
- Борец 12
- Шкендија 11
- Универзитет во Тетово 10
- Лирија 9
- Штип УГД 9
- Весна Пробиштип 8
- Јанта Волеј 7
- Вардар 3
- Дибра Волеј 2
- Македонија Џио 1