Газета: Јувентус и Јунајтед се мачат поради една причина – Роналдо

888

„Ла Газета дело Спорт“ денеска објави текст со наслов: Како Роналдо во исто лето уништи два клуба. На овој начин предизвика бруни реакции кај навивачите, но и кај читателите.

Колку Јувентус загуби со заминувањето на Португалецот веќе одамна е познато, за тоа говори и позицијата на која овој тим се наоѓа во Серија А. Со Манчестер Јунајтед приказната е поинаква.

Роналдо многу малку трча во дефанзива, максимално одмара за да на 36 години биде на ниво на задачата во нападот, но со играч помалку во одбраната се созадава домино-ефект. Противничките екипи знаат дека Јунајтед со Роналдо нема ефикасен пресинг, па без проблем го градат нападот од бековската линија и го земаат поседот на топката на Манчестер.

Кога Јунајтед ќе реши да притисне, крилата мораат да се приклучат на средниот ред и со тоа да ја изгубат предноста на средината на теренот, што пак е најлимитиран дел по квалитет од тимот на Солскјер. Со тоа се урива целата одбранбена структура и се остава во неповолни ситуации. Ова е само еден од многуте примери на проблеми кои се создаваат во играта на Јунајтед токму поради тоа што Солскјаер допрва треба да најде начин да го искористи Роналдо како додаток во тимот, а не обратно.

На сета оваа теза се огласија фановите на Јувентус и на Јунајтед, тие го мислат спротивното не се согласуваат дека Роналдо ги уништил.

“Моментално имаме два тима кои се во неволја, а причината за проблемот е истото име – Кристијано Роналдо. Јувентус е во неволја бидејќи остана без него, а Јунајтед е во неволја затоа што тој остана без тим со него“, пишува во својот текст меѓу другото Газета и додава:
„Некои сега се борат да ја пополнат празнината, додека други се обидуваат да сфатат како да го искористат Роналдо без тој да го уништи остатокот од нивниот тим. Некаде во средината е Роналдо кој постојано наоѓа начин да игра како да е многу помлад од она што навистина го има“.
ПретходноВардар им се врати на победите, Дибиров ја наполни мрежата на Тиквеш
СледноЕ.Пелистер 2 не застанува, го освои Радовиш