Го загубила местото во ПСЖ, па најмила насилници да ја претепаат колешката

544

Пари Сен Жермен го тресе скандал, поточно женскиот тим на парискиот клуб. Фудбалерката Кеира Хамруи на 4. ноември била нападната и брутално претепана поради што завршила и во болница, а епилог од сето ова е апсење на нејзината тимска колешка Аминате Диало.

По тимската вечера во ресторанот Диало Диало се понудила со својот автомобил да ја однесе Хамруи до дома. Околу 22 часот двајца маскирани напаѓачи ја извлекле Хамруи од автомобилот и почнале да ја тепаат со метални шипка по нозете и потоа избегале.

Хамруи била пренесена во болница. Полицијата покрена истрага, па уапсена е Диало поради сомнеж дека е нарачател на нападот со цел да се повреди нејзината колешка за да не може да игра.

Хамруи пристигнала оваа сезона во ПСЖ од Барселона, а со нејзиното доаѓање Диало го загубила стандардното место во првиот тим.

Откако Хамруи завршила во болница, Диало играла на нејзино место на дуелот со Реал Мадрид во ЛШ.

Претходно„Македонија е жилав тим, тешко се игра против нив“
СледноЛазаров и Нант во полуфиналето на францускиот Куп