Хофханес Хамбарѕумјан, поранешниот фудбалер на Вардар кој сега е заменик капитен во селекцијата на Ерменија, на попладневнио прес во пресрет на утрешниот дуел не криеше дела целта е една – победа.
„Важен меч за нас, важен меч и за Македонија. Ние не криеме дека сакаме со победа да ги израдуваме нашите навивачи против Македонија. Ќе дадеме сè од себе да дојдеме до бодовите. Тоа е нашата цел и ќе настојуваме да ја оствариме“ истакна екс – вардарецот.
Ерменија и Македонија играат утре со почеток во 18 часот, по осум меча и двете репрезентации имаат по 12 бода.