По големиот триумф во минатото коло, Е.Пелистер 2 продолжи во ист ритам. Избраниците на Александар Јовиќ дојдоа до седмата победа оваа сезона во Супер-лигата, откако на гостувањето кај Радовиш славеа со 24-29.
Не беше лесно да се дојде до бодовите, домаќинот пружи силен отпор во првото полувреме во кое ја имаше контролата на натпреварот. Поведе со 6-3, одржуваше позитива од два гола, на одморот беше 14-13.
Битолчани по голема битка со серија од 5-1 го урнаа отпорот на противникот, поведоа со 21-24 и до крајот не дозволија оваа средба да има поинаков тек.
Атанасијевиќ и Петровиќ беа ударниот тандем на Е.Пелистер 2, постигнаа по седум гола, на другата страна Вујниќ и Трајанов имаа по пет гола.
На останатите средби, Охрид имаше лесна задача против Прилеп славеше со 33-21, додека пак Струга го совлада Скопје со 29-32.