Добивката за која се зборува насекаде низ Македонија даде уште еден повод за восхит и по 14. пат покажа како изгледа кога некому ќе му се промени животот. Единствениот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Видеолотарија Касинос Австрија, усреќи уште еден наш играч и тоа ни помалку, ни повеќе со осумцифрена сума.
Најновиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ го освои М.Е во неделата попладне, на 7 ноември, во населбата Долна Бањица во Гостивар, во објект на Делта бет – Mozzart. Фантастичната добивка изнесува фрапантни 10.939.218 денари. Добитникот го чува својот идентитет, но ја сподели радоста поради овој голем момент во неговиот живот.
Ни кажа дека не е првпат да добие нешто, но сите тие добивки биле неспоредливо помалку. Она што е навистина куриозитетно е дека овие, без малку, 11 милиони денари ги добил со влог од само 40 денари. Допрва ќе размислува како ќе ги потроши парите, бидејќи сега уште го држи позитивниот шок од големата среќа која го снајде.
СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ е сè поомилена тема на разговор меѓу сите кои слушнале за него, а неодоливата добивка може да достигне дури 12.000.000 денари.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно