Кирил Лазаров се врати на обврските во Нант. Предводникот на нашиот најдобар национален состав и неговиот тим продолжија победнички по пазуата, на домашен терен го совладаа Кретеј со37-29 и се пласираа во полуфиналето на францускиот Куп.
Нант ја оправда фаворитската улога, по првите 30. минути имаше позитива од четири гола (17-13). На другата страна противникот не успеа да најде начин да приреди изненадување, иако постојано притискаше.
Лазаров немаше своја вечер, постигна еден гол од шест обиди, Валеро Ривера имаше седум гола од исто толку обиди.
Место во полуфиналето претходно обезбеди ПСЖ предводен од поранешниот македонски селектор, Раул Гоназлез, се чекаат последните двајца патници.