Македонско дерби во АБА 2-лига: МЗТ Скопје во Осијек ќе расчитува сметки со Пелистер

118

Македонските претставници со меѓусебна пресметка ќе го отворат вториот балон во АБА 2-лига. Град домаќин е Осијек, а дуелот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер е закажан со почеток во 15 часот.

Актуелниот македонски првак има нерасчистени сметки со битолскиот состав, единствениот пораз оваа сезона во домашниот шампионат, токму му го нанесе овој тим. Избраниците на Дарко Радуловиќ пред почетокот на АБА 2-лига го совладаа Работнички, па самодовербата е на високо ниво.

На другата страна Пелистер е во налет кога станува збор за мак-првенство, нема пораз. Битолчани имаат една цел, да докажат дека триумфот против „сино-белите“ не е случаен, дека имаат состав за многу повисоки цели.

И двата тима во вториот балон влегуваат со индентичен скор, имаат една победа и еден пораз, па триумф ќе ги искачи во горниот дел од табелата.

ПретходноЈокиќ доби само еден меч суспензија за „тепачката“ со Морис
СледноИнсиње побарал од Наполи 7 милиони евра како бонус за нов договор