Медведев одлучил, сепак, ќе игра на Австралија Опен

149

Во моментов вториот тенисер во светот Данил Медведев навести дека ќе игра на Австралија опен на почетокот на следната година. Шпекулациите за настапот на Новак Ѓоковиќ се уште траат.

Медведев, кој беше поразен од Ѓоковиќ во минатогодишното финале во февруари, на Твитер објави слика токму од тоа финале со зборовите: Се гледаме во јануари.

Медведев уште во октомври одби да открие дали ќе игра во Мелбурн, каде властите поставија строги критериуми за влез во земјата на невакцинираните тенисери. Русинот тогаш тврдеше дека е негова приватна работа дали е вакциниран или не.

Новак Ѓоковиќ и понатаму има сличен став, но не откри дали ќе патува за Австралија.

ПретходноРоналдо има клаузула: Ако Манчестер Ј. не игра во ЛШ, тој си заминува
СледноСпортскиот центар во Ново Лисиче ќе го носи името „Марко Божиновски“