МЗТ Скопје му покажа на Пелистер кој е главен во АБА 2-лига (ФОТО)

148

Првото македонско дерби во АБА 2-лига му припадна на МЗТ Скопје. Актуелниот македонски првак го совлада Пелистер со 80-61 за втора победа во јадранското второлигашко друштво и воедно им се одмазди на битолчани за поразот во домашниот шампионат.

Милошевиќ со 29 поени беше прв стрелец, Вер запиша 13, додека Крстевски 12. Кесар и Малешевиќ имаа по 15 поени.

Две различни четвртини одиграа македонските тимови. Во првата доминираше битолскиот состав, поведе со 4-12, па 10-19 во седмата минута, до овој дел МЗТ Скопје имаше осум загубени топки. Актуелниот македонски шампион не можеше да ја пронајде вистинската игра, па на стартот на втората четвртина по поените на Трајковски имаше двоцифрена негатива од 18-29.

Ова беше доволна причина за да тимот од Аеродром да се разбуди. Со неверојатна серија од 20-0 го сврте резултатот и поведе со 38-29. Пелистер шест минути беше без постигнат кош, проблем на одбраната правеше Милошевиќ кој имаше 22 поени. На одморот беше 51-38.

Пелистер не успеа да се врати во продолжение на мечот. Во третата четвртина на трипати успеа да симне под десет, но ништо повеќе од тоа. Овој дел од мечот не понуди некоја посебна игра.

Во последните десет минути, МЗТ Скопје со серија од 7-0 зголеми на 71-54 и ја најави победата. На другата страна реализацијата беше катастрофална во редовите на Пелистер, немаше играч кој ќе го повлече тимот. Очајноста на битолчани максимално ја казнуваше тимот од Аеродром, дојде на плус 20 (76-56) на три и пол минути до крајот.

Во следното коло, Пелистер шанса за поправен ќе бара против Војводина, додека пак МЗТ Скопје за противник го има домаќинот Осијек.

ФОТО: АБА 1-ЛИГА/Невена Стјепановиќ

ПретходноБоксерите од Конго исчезнале по Мундијалот во Белград
СледноИлиевски: Додека МЗТ погодуваше се, ние не можевме да погодиме „слободни“