Мората: Нека ме плукаат и вреѓаат на терен, но не и кога шетам со децата

405

Напаѓачот на Јувентус и шпанската репрезентација Алваро Мората во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“ искрено проговори за својот живот и на теренот и надвор од него. Тој минува низ тежок период затоа што има само 2 гола од почетокот на сезоната.

„Сите сме под притисок, а јас многу повеќе затоа што сум под наем. Но, кога си господар на судбината, единствено што можеш е да работиш“, вели Шпанецот.

Бев надвор од теренот речиси еден месеци и поради желбата да се вратам побрзо, не сум во многу добра физичка кондиција. Морав да работам напорно за тимот, но ми треба свежина и концентрација за да постигнам гол. Сакам да играм и да давам многу голови, но мора да се знае дека ми треба повеќе време за да задравам“, призна Мората.

По ЕП 2020 Мората се пожали на закани од навивачи поради своите настапи, а тој порача да се смират страстите и да не се преоѓа во екстремизам.

Свирежите секогаш се непријатни. Ние не сме машини и добро знам што се очекува од мене. Мораме да надминеме некои работи како и омразата што понекогаш навивачите ја искажуваат. Сум видел родители во друштво со нивните деца со бесни лица. Луѓето треба да сватат дека има граници и дека не може да се прави се и сешто. Можат да ме плукаат, да ме навредуваат, критикуваат кога сум на теренот, но не и кога шетам со сопругата и моите деца. Имам цврст карактер и некако ги совладувам тешките моменти. Да беше поинаку немаше да направам ваква кариера“, заврши Мората.

ПретходноСтрумичанки продолжија победнички, прв успех за Фит Фан Волеј
СледноБејл до својот менаџер: Немој уште еднаш да си ми кажал такво нешто затоа што ќе добиеш отказ