Во спортската сала „Парк“ во Струмица, денеска ќе се одигра дербито на 6. коло од домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција. Двете водечки екипи на табелата, Струмица и Борец ќе имаат голема битка по нови бодови за останување на лидерското место на табелата.
Струмичани како актуелни шампиони ја задржуваат фаворитската улога, но велешани ќе се обидат да изненадат. Мечот започнува во 17.30 часот и ќе биде увертира за преостанатите дуели закажани попладнево во рамките на тековното коло.
Во женска конкуренција вчера се одигра дербито на 6. коло во кое Работнички со 3:1 ја совлада екипата на Наковски Волеј. За денеска се закажани преостанатите три меча меѓу кои се издвојува дуелит меѓу Струмица и Пелистер Волеј.
Прва лига, мажи – 6. коло
17.30 Струмица – Борец
18.00 Вардар – Шкендија
20.00 Лирија – Македонија Џио
20.00 Штуп УГД – Весна Пробиштип
20.00 Универзитет во Тетово – Јанта Волеј
Прва лига, жени – 6. коло
17.30 Универзитет во Тетово – Фит Фан Волеј
18.00 Вардар – Јанта Волеј КВ
19.30 Струмица – Пелистер Волеј
вчера: Работнички – Наковски Волеј 3:1 (25:13, 22:25, 25:15, 25:19)
фото: Струмица 47&72 facebook