Попладнево во Ереван, веднаш по пресот на кој за утрешниот меч говореа селекторот Благоја Милевски и Енис Барди, нашите репрезентативци го одработија последниот тренинг во пресрет на дуелот со домашната селекција на Ерменија. И покрај проблемите со отсуството на неколку клучни играчи, атмосферата во нашиот табор е одлична. Мислите се победнички, таков е и планот, да се освојат трите бода па да чекаме и нам малку среќата да ни се насмевне.
Се тренираше на теренот на „Вазген Саргсјан“ стадионот, на кој утре со почеток во 18 часот ќе ги одмериме силите со силната селекција на Ерменија, која исто така си ја гледа својата шанса за баражот.