Проблем за Ашаданов, без Бонер во Германија!

118

Македонската женска кошаркарска репрезентација утре ги почнува квалификациите за Европското првенство 2023 година. Прв противник на „црвено-жолтите“ е силната селекција на Германија, дуел кој се игра во Хале.

Пред денешното заминување, новиот предводник на националниот тим, Александар Ашаданов остана без најдобрата кошаркарка. Девана Бонер ќе остане во Скопје, таа на последниот тренинг се здобила со повреда на грбот, па нема да може да одговори на задачите. Инаку, еден од нашите најголеми адути во квалификацискиот циклус, се пожалила на болки во пределот на рбетниот столб, по што се направени детални лекарски прегледи, и ренгентските снимки, а лекарскиот тим на нашата селекција процени дека во овој момент натурализираната Американка не може да одговори на барањата кои со себе ги носи еден натпревар од вака висок рејтинг како што се квалификациите за Евробаскетот 2023.

Лекарскиот тим ќе се обиде да ја оспособи за втортата квалификациска средба против Босна и Херцеговина на домашен терен, дуел кој се игра на 14 овој месец.

Ашаданов за мечот со Германија го скрати списокот на 12. репрезентативки, останува да видиме кого ќе повика на местото на Бонер, без која дефинитивно ќе имаме големи проблеми против фаворитот.

Покрај Босна и Германија, во нашата група уште се наоѓа и репрезентацијата на Белгија.

ПретходноСпортскиот центар во Ново Лисиче ќе го носи името „Марко Божиновски“
СледноЈокиќ доби само еден меч суспензија за „тепачката“ со Морис