Роналдо има клаузула: Ако Манчестер Ј. не игра во ЛШ, тој си заминува

453

Еден од најсензационалните потези на летниот пазар, несомнено беше враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед. Со неговото доаѓање пораснаа и апетитите на „црвените ѓаволи“, но со оглед на резултатите во последно време, многу нешта резултатски и не се променија.

Британските медиуми веќе почнаа да шпекулираат дека Португалецот има специјална клаузула за раскин на двегодишниот договор, доколку клубот не успее да обезбеди билет за Лигата на шампионите.

Португалската ѕвезда не сака да го загуби правото да се натпреварува меѓу најдобрите, па решен е да им помогне на „црвените ѓаволи“ да обезбедат место во новата сезона од Лигата на шампионите. Во спротивно, тој најавил дека ќе си замине.

ПретходноЧави почна со забрани: Пике морал да откаже интервју по наредба на новиот тренер
СледноМедведев одлучил, сепак, ќе игра на Австралија Опен