Стартуваше квалификацискиот турнир за генерацијата до 19.години на кој Македонија на чело со селекторот Дашмир Беари во првото коло предмалку загуби од соседна Србија со конечни 1:3. Селекцијата предводена од екс играчот на Вардар, Дејан Бранковиќ беше пресилна и доминанта на овој дуел и реално не ни дозволи да се понадеваме на поволен резултат.
Иако на полувреме имавме активни 0:0, сепак на крајот Србија се покажа како пресилен противник, ги искористи своите шанси. Нашиот бедем беше разбиен со удар од белата точка, кога во 56. минута Огњен Ајдар реализираше за водство. По десетина минути истиот играч, зголеми на 2:0 и ни ја запечати судбината.
До крајот на мечот, ние единствено што успеавме е да намалиме на 1:2 со голот на Фета.
Овој пораз речиси и да ги уништи нашите шанси за пласман во следната елифта квалификациона фаза. Следното коло е за три дена кога играме против Франција, а потоа и со домашната Албанија.
Македонија – Србија 1:2 (0:0)
Елбасан арена во Албанија
Главен судија: Давид Хуфман (Израел)
Стрелци: Фета 78 (М) Ајдар 56, 65 (п) (С)
Македонија: Тасев, Јанкуовски, Рамадани, Реџепи, Давков, Јахии (Шаини 81) Ракипи, Саитовски (Кудев 46, Талаков 71)), Крстевски (Гуџуфи 61), Фета, Елези
Србија: Лукиќ, Деспотовски (Ѓорѓевиќ 90), ПЕтковиќ, Суботиќ, Крсмановиќ, Мотика (Баждар 65), Милетиќ, Ј.Митулиќиќ, М.Митуљковиќ (Глушчевиќ 87), Ајдар (Кабиќ 88), Лазетиќ (Христиќ 66)
Квалификации за ЕП 2022
Група 7:
Резултати:
МАкедонија – Србија 1:2
Франција – Албанија (14:00)
Табела:
- Србија 1 1 0 0 3:1 3
2. Албанија 0 0 0 0 0 0
3. Франција 0 0 0 0 0 0
4. Македонија 1 0 0 1 1:3 0