Струмичанки продолжија победнички, прв успех за Фит Фан Волеј

260

Одбојкарките на Струмица славеа со 3:0 над Пелистер Волеј во еден од трите денешни натпревари во 6. коло од Првата одбојкарска лига за жени. Струмичанки одиграа одличен меч и не му дозволија на противникот да се понадева на успех.

Прва победа сезонава обезбедија и младите одбојкарки на Фит Фан Волеј. На гости во Тетово, скопскиот тим славеше со 3:1 и ги освои првите бодови сезонава.

Во меч кој траеше четири сета, Јанта Волеј КВ ја обезбеди и петтата победа сезонава, овој пат победувајќи го Вардар со 3:1.

Прва лига, жени – 6. коло

Универзитет во Тетово – Фит Фан Волеј  1:3 (24:26, 23:25, 25:17, 21:25)

Вардар – Јанта Волеј КВ                         1:3 (27:25, 17:25, 17:25, 18:25)

Струмица – Пелистер Волеј                    3:0 (25:14, 25:16, 25:17)

вчера: Работнички – Наковски Волеј 3:1 (25:13, 22:25, 25:15, 25:19) 

ТАБЕЛА: 

  1. Работнички 17
  2. Наковски В. 15
  3. Јанта Волеј КБ 14
  4. Струмица 14
  5. Пелистер В. 6
  6. Универзитет во Тетово 3
  7. Фит Фан Волеј 3
  8. Вардар 0
ПретходноЧешки бизнисмен купи третина од Вест Хем
СледноМората: Нека ме плукаат и вреѓаат на терен, но не и кога шетам со децата