Македонскиот младински репрезеативец Стефан Чолаковски во интервју за сајтот на својот клуб, Мелбурн Сити го опиша чувството како е да се дебитира за Македонија, односно за нејзината репрезентација, нешто што напаѓачот го стори летово.
Тој настапи за прв пат за нашата репрезентација на стартот на овие квалификации, и во селекцијата на Канатларовски ќе беше и во моментов доколку не беа ковид протоколите на Австралија.
„Секако дека е прекрасно чувството да се настапува за Македонија. Одсекогаш имав желба за такво нешто. Настапив против Франција една од најголемите фудбалски светски сили, каде што да речеме настапи Камавинга, играчот кој е дел од Реал Мадрид“ – рече Чолаковски.
📺 @scolakovski gave an insight into what it's like to see fans with his name and number on their back after years of being on the other end of it.#CmonCity | https://t.co/723SimSTw7 pic.twitter.com/BknVUPXYod
— Melbourne City FC (@MelbourneCity) November 10, 2021