Утре со почеток во 14 часот, фудбалерите на Шкупи на “Водафон Арената“ ќе одиграа пријателски меч со славниот Бешикташ, гигантот во турскиот фудбал. Експедицијата на чаирчани попладнево пристигна во Истанбул, а во хотелот каде што е сместена, беше пречекана од страна на претседателот на клубот Олгун Ајдин, кој потоа се задржа во разговор со стручниот штаб и дел од раководството на чаирчани.
Ајдин треба да биде задоволен, неговиот клуб во ПМФЛ по 13.коло убедливо е прв, игра добро, има шанси за титулата, Токму и затоа доаѓа пријателската со Бешикташ, па не секој клуб може да игра со “црно – белите“ од Босфорот.