Јакимовски со 9 поени и победа ја отвори новата НЦАА сезона

209

Македонскиот кошаркарски потенцијал во американската кошаркарска колеџ лига почна со новата сезона. Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Стејт ја отворија новата сеозна во НЦАА лигата со одличен настап и сигурна победа на домашен терен против екипата на Алкорн Стејт со 85:67.

Јакимовски имаше одлична минутажа од 19 минути за кои успеа да реализира 9 поени, 8 скока и една асистенција. Андреј погоди две тројки, еднаш беше прецизен од поле и реализираше едно слободно фрлање.

Источен Мичиген на Лука Савичевиќ почна со пораз. На гостувањето кај Индијана, тимот на нашиот млад кошаркар беше поразен тесно со 68:62. Лука Савичевиќ не беше во ростерот на гостите за овој дуел.

ПретходноЈута ја прекина серијата порази, нов триумф на шампионот (ВИДЕО)
СледноЧави почна со забрани: Пике морал да откаже интервју по наредба на новиот тренер