Јута ја прекина серијата порази, нов триумф на шампионот (ВИДЕО)

100

По два врзани порази, кошаркарита на Јута Џез им се вратија на победите. Во еден од најинтересните ноќешни натпревари, „џезерите“ на домашен терен беа подобри од екипата на Атланта со 110-98 и ја запишаа осмата сезонска победа.

Донован Мичел постигна 27 поени и беше предводник на „џезерите“ и на овој меч. Му се придружија и Богдановиќ со 18 и Кларксон со 16 поени.

Шампионите, Милвоки Бакс, дојдоа до победа над Филаделфија од 118:109 на крилата на неверојатниот Адетокумпо. Грчката ѕвезда постигна 31 поен и 16 скока и беше главна причина за шестиот пораз на Филаделфија сезонава.

И покрај победата, Милвоки се уште не се „искачил“ на 50 проценти победи оваа сезона, бидејќи и понатаму има негативен резултат – пет победи и шест порази.

Грејсон Ален додаде 25 поени во победата на Милвоки.

Во последниот утрински меч ЛА Клиперс славеа дома над Портланд со 117:109.

ПретходноСензацијата од УС Опен го ангажираше тренерот кој направи бум со Кербер
СледноЈакимовски со 9 поени и победа ја отвори новата НЦАА сезона